Кај народот познат како Апостол војвода, - „Ениџевардарско сонце“. Роден е на 6 мај 1869 година во с. Бојмица, Гевгелиско. Уште пред појавата на ТМРО, ајдукува во гевгелиско и ениџевардарско, а во 1897 г. се покрстува и влегува во редовите на ВМОРО. Се стекнал со голем авторитет и бил многу сакан од селаните и се сметал за нивни заштитник.
Во Илинденското востание бил предводник на голема востаничка чета и со неа водел успешни борби против турската војска. По востанието војува против грчката вооружена пропаганда и негов центар на активност е Ениџевардарското езеро (мочуриште). По Младотурската револуција од 1908 год. се легализира и потоа оди во Бугарија. Во 1910 год. со чета заминува за Македонија.
Убиен е од заседа на 2 август 1911 година, заедно со војводите Георги Мучитанов – Касапчето и Васил Пуфката во близината на с. Крушари, Ениџевардарско. |